• сабота, 26 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Средба Тошковски - Ходулин: Интензивна поддршка од ЕУ преку ИПА проектите за креирање полиција со европски стандарди

Средба Тошковски - Ходулин: Интензивна поддршка од ЕУ преку ИПА проектите за креирање полиција со европски стандарди

Скопје, 4 април 2025 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска имаше работна средба со претставници на Делегацијата на Европската унија, предводени од Стефан Ходулин, раководител на Одделот за соработка и Даница Стошевска, програм менаџер во канцеларијата, соопшти МВР.

На состанокот била разгледана досегашната соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и Делегацијата на Европската унија во делот на спроведувањето на проектите финансирани преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА).

Ходулин изразил задоволство од постигнатото во рамките на веќе спроведените проекти кои се имплементираат во Министерството и изразил надеж дека посветеноста ќе продолжи со ист интензитет.

-Министерот Тошковски во име на Министерството за внатрешни работи и се заблагодари на Делегацијата на ЕУ за досегашната поддршка и потенцираше дека истата е од исклучителна важност за министерството, и дека од наша страна ќе бидат обезбедени  сите ресурси со цел максимално и рационално искористување на финансиската поддршка која е наменета за постигнување на европските стандарди во полициското работење, велат од МВР.

За време на состанокот, исто така, се разговарало и за идните проекти кои се дел од Националната ИПА програма за 2025 година и следниот период, по што заеднички бил донесен заклучок дека ќе се продолжи со интензивни активности во наредниот период со цел финализирање плановите и проектите како основа за идното програмирање и обезбедување на сите неопходни предуслови од страна на Министерството за внатрешни работи и целосна посветеност во нивната подготовка.

Двајцата соговорници изразиле уверување и подготвеност за продолжување на одличната соработка и во иднина. сст/аа/

Фото МВР

 

Остани поврзан