Дополнителни количини вода се обезбедуваат за Општина Брвеница
- Општина Брвеница почна со длабочинско бушење до 50 метри во земјата со цел да се обезбедат дополнителни количини вода за пиење за населените места Брвеница и Долно Седларце. Бушењето се прави во Долно Седларце, а целта е да се обезбеди поголемо водоснабдување особено во летниот период.

Тетово, 4 април 2025 (МИА) - Општина Брвеница почна со длабочинско бушење до 50 метри во земјата со цел да се обезбедат дополнителни количини вода за пиење за населените места Брвеница и Долно Седларце. Бушењето се прави во Долно Седларце, а целта е да се обезбеди поголемо водоснабдување особено во летниот период.
-Се работи на изведба на нов пробно експлоатационен бунар со дијаметар ф-500 милиметри и дллабина од 50 метри. Од истиот со помош на потопна пумпа се очекува да добиеме експлоатациска моќност од 20-25 литри вода во секунда. Точните количини ќе бидат утврдени по процесот на пробно црпење и тестирање на бунарот, информира градоначалникот Јовица Илиевски.
Според информациите на Илиевски, по изведбата на бунарот следи изведба на пумпна станица со најсофистицирана италијанска опрема за експлоатација на вода и работа со константен притисок во водоводниот систем. Со изведбата на овој проект Брвеница ќе ги задоволи потребите за водоснабдување на населението и во летниот период. ас/мд/
фото: Општина Брвеница