• сабота, 23 ноември 2024

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради симулациска вежба „Хуманитарен одговор 2023“

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради симулациска вежба  „Хуманитарен одговор 2023“

Скопје, 18 октомври 2023 (МИА) - Министерството за внатрешни работи информира јавноста дека поради симулациска вежба во итна ситуација – земјотрес, насловена  „Хуманитарен одговор 2023“, која во организација на Црвен крст на РСМ и под покровителство на Претседателот на државата ќе се одржи во Градски парк Скопје денеска  од 9 до 14 часот ќе бидат затворени за сообраќај неколку булевари.

За сообраќај ќе бидат затворени бул.„Илинден“ од крстосница со бул. „Св. Климент Охридски“ до крстосница со ул.„Франклин Рузвелт“ и од крстосница со ул.„Бледски договор“ до крстосница со ул.„Никола Тесла“, ул.„Наум Наумовски Борче“, во продолжение ул.„Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“ до крстосница со ул.„Ленинова“ (ул.„Аминта Трети)“, ул.„Ристо Шишков“ од крстосница со ул.„Наум Наумовски Борче“ до крстосница со ул.„Ленинова“, сообраќајниците околу Градски стадион „Тодор Проески“ и бул.„8 Септември“ од крстосница со бул.„Илинден“ до сервисна улица за влез во хотел „Александар палас“.

- Од  тие причини, Единицата за безбедност  на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира  до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници, информираат од МВР. цр/хс/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан