• недела, 10 ноември 2024

Поројните дождови со најголеми последици во прилепската населба Тризла

Поројните дождови со најголеми последици во прилепската населба Тризла

Прилеп, 4 јуни 2023 (МИА) - Поради синоќешното невреме проследено со пороен дожд и грмотевици најгголеми последици и интервенции на надлежните имаше во прилепската населба Тризла и околу каналот на Дабничка Река во оваа населба. Поплавени беа улиците, главно во најголемата улица „Тризла“ вода имаше во неколку домови и подурми, а се испумпуваше во куќите околу каналот на Дабничка река. Вода навлезе и во подрумот на џамијата во населбата каде се испумпуваше. Според податоците за 24 часа до 8 часот изутрината во прилеп наврна најмноргу - 23 литри на метар квадратен.

Интервенраа, а денеска ги мијат улиците од кал и наноси, екипите на прилепските комунални претпријатија „Водовод и канализација“ и на „Комуналец“. Прилепската противпожарна единица пак од синоќа интервенираше со 5-6 екипи со вкупно 16 пожарникари.

- Се испумпуваше вода во 6-7 куќи околу каналот на Дабничка река а имавме и три интервенции низ градот од струјни удари, вели команидорт на прилепскјата противпожарна единица Кристијан Момироски.

Поројните дождови за два-три часа истурија многу вода што одамна не е забележано, па реката не можеше да ја прими сета одеднаш, ниту од атмосверската канализација.

- Со часови интервениравме, ноќеска, а денеска ги миевме и чистевме улиците од високите талози на песок, земја, отпад. Помогна населението и секако навремени беа интервенциите на противпожарната единица.. рече на теренот во населбата Тризла Игор Гулабоски, директор на прилепското претпријатие „Водовод и канализација“. На терен излегоа и градските власти.

Жителите од населбата велат дека било страшно, вода насекаде и наноси. Алмир Сулејманоски, жител на населбата Тризла објаснува за поплавувањетѕо на подрумот на џамијата.

- Подрумот е многу низок, па нема одводна канализација и се поплави. Пораше водата да се испумпува. Помогна аверниците, интервенираа пожарникарите и јавните комунални претпријатија. Соработката беше навремена, оиизјави Сулејманоски.

Надлежните будно ја следат состојбата со врнежите за да може да интервенираат. ем/вг/

 

фото: МИА

Остани поврзан