• среда, 25 декември 2024

Поранешниот директор на компанијата „Yoozoo Games“ е осуден на смрт

Поранешниот директор на компанијата „Yoozoo Games“ е осуден на смрт

Пекинг, 22 март 2024 (МИА) - Поранешниот директор на компанијата за видео игри „Yoozoo Games“, Су Јао, денеска беше осуден на смрт поради труењето на основачот на компанијата Лин Киа во 2020 година.

Су ставил отров во храната на Лин поради спор околу раководењето со компанијата, се наведува во пресудата на Првиот централен народен суд во Шангај, пишуваат американските медиуми.

Лин почина 10 дена по труењето, а Су подоцна од слични причини отру уште четворица колеги, кои преживеаја.

Компанијата „Yoozoo Games“ е креатор на видео играта „Game of Thrones: Winter is Coming“ базирана на истоимената серија и сопственик на филмските права на познатата кинеска романска трилогија „Проблемот на три тела“ . сд/

Остани поврзан