• петок, 11 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Над две илјади загинати во земјотресот во Мјанмар

Над две илјади загинати во земјотресот во Мјанмар

Нејпидо, 31 март 2025 (МИА) - Бројот на загинати во силниот земјотрес од 7,7 степени според Рихтер, што на 28 март го погоди Мјанмар надмина две илјади, соопштија денеска властите.

Над 3.900 луѓе се повредени, а како исчезнати се водат 270 лица. Поради големиот број на жртви во земјата е прогласена седумдневна жалост.

Спасувачките операции продолжуваат. Претходно денеска од урнатините беа извлечени тројца преживеани.

Земјотресот, чиј епицентар беше во близина на градот Мандалеј, на длабочина од околу 20 километри, е почувствуван и во Тајланд и во други азиски земји. Неколку минути подоцна имаше уште еден земјотрес со интензитет од 6,4 степени.

Голем број земји почнаа да испраќаат хуманитарна помош во Мјанмар и Тајланд по силниот земјотрес. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан