• понеделник, 21 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Кралот Чарлс Tрети се враќа на редовните активности по краткиот престој во болница

Кралот Чарлс Tрети се враќа на редовните активности по краткиот престој во болница

Лондон, 31 март 2025 (МИА) - Британскиот крал Чарлс Трети ќе им се врати на редовните активности оваа недела, откако беше кратко хоспитализиран поради несакани споредни ефекти од терапијата против канцер и мораше да ја откаже посетата на Бирмингем, пренесуваат денеска британските медиуми.

Кралот за време на викендот се одмораше на својот имот Хајгроув во Глостершир откако во четвртокот кратко престојуваше во болница, пренесува Би-Би-Си.

Како што наведоа лекарите, тој се чувствувал добро, но сепак му било препорачано да ја откаже посетата на Бирмингем во петок. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан