„Порака нова“ со прирачник за социјални претприемачи и иноватори
- Здружението „Порака нова“ од Струга заедно со партнерите од Азија, Африка и Европа креираа прирачник дизајниран за поттикнување и инспирирација на следната генерација на мобилни социјални претприемачи и иноватори.
Струга, 5 октомври 2023 (МИА) - Здружението „Порака нова“ од Струга заедно со партнерите од Азија, Африка и Европа креираа прирачник дизајниран за поттикнување и инспирирација на следната генерација на мобилни социјални претприемачи и иноватори.
Прирачникот, како што сооопшти „Порака нова“, содржи сеопфатни водичи, успешни приказни и алатки и ресурси.
- Прирачникот содржи серија детални водичи кои покриваат теми како што се одржлив развој на бизнисот, финансиски менаџмент, ресурси за кодирање на апликации, приспособени на уникатните потреби на младите претприемачи. Исто така статии од универзитетски професори. Успешни приказни: приказ на сите победници од mPreneur проектот, како и нивни тестимонијали поврзани со проектот и алатки и ресурси: пристап до внимателно селектирана колекција на шаблони, алатки и ресурси за да се насочи процесот на стартување на некоја идеја или бизнис, појаснува „Порака нова“.
„Порака нова“ Струга е лидер на проектот mPreneuer, кој е поддржан од Еразмус+ програмата. сс/дма/
Фото: Порака нова Струг