Повреден припадник на крајбрежната служба на Грција при потера по глисер со криумчари
- Во обид да избега од патролен број на крајбрежната служба на Грција, глисер со криумчари на мигранти за време на потера во близина на грчкиот остров Лезбос, удрил во патролниот брод, при што повреден е еден припадник на крајбрежната служба, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 27 декември 2024 (МИА) – Во обид да избега од патролен број на крајбрежната служба на Грција, глисер со криумчари на мигранти за време на потера во близина на грчкиот остров Лезбос удрил во патролниот брод, при што повреден е еден припадник на крајбрежната служба, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопштија од крајбрежната служба, инцидентот се случил вчера напладне, кога за време на редовна патрола бил забележан глисерот во моментите кога ги оставал мигрантите и побегнал со голема брзина кон турското крајбрежје.
Патролниот брод, користејќи светлосни и звучни сигнали, се обидел да го запре, но безуспешно, по што следувала потера, глисерот извршил опасни маневри и удрил странично во бродот, при што бил повреден припадникот на службата.
Откако запрел глисерот, биле уапсени две лица, на 31 и 25-годишна возраст, а паралелно пристигнал уште еден патролен брод за да го пренесе повредениот до пристаништето.
Дополнително била спроведена истрага на копно во поширокиот регион и биле откриени мигрантите, вкупно 30 лица, кои се префрлени во центарот за прием и регистрација. ср/паг/