• четврток, 05 март 2026

МЗ на Либан: Израелските воздушни напади убија 72 лица

МЗ на Либан: Израелските воздушни напади убија 72 лица

Бејрут, 4 март 2026 (МИА) - Министерството за здравство на Либан соопшти дека бројот на жртви од израелските напади врз земјата се искачил на 72, а најмалку 437 лица се ранети.

Прекуграничните борби меѓу Израел и Либан продолжија откако вооружената група поддржана од Иран лансираше ракети кон северен Израел по нападот на САД и Израел врз Техеран.

Израелската армија одговори со продолжување на воздушните напади врз јужниот дел на земјата и јужните предградија на Бејрут, издавајќи наредби за присилна евакуација и заземајќи нови воени позиции на либанска територија. мс/

фото: Архива

Остани поврзан