• четврток, 05 март 2026

ИДФ тврди дека нападнала голем ирански воен комплекс источно од Техеран

ИДФ тврди дека нападнала голем ирански воен комплекс источно од Техеран

Ерусалим, 4 март 2026 (МИА) – Израелската армија (ИДФ) соопшти дека извршила напад врз голем ирански воен комплекс источно од Техеран.

Портпаролот на ИДФ, Авичај Адрае на арапски јазик на Икс објави дека израелски воени авиони погодиле комплекс каде се сместени командни центри на безбедносниот систем на Иран.

ИДФ посочи дека во комплексот се сместени штабови на Корпусот на Исламската револуционерна гарда, силите Кудс, Басиџ, военото разузнавање и други безбедносни единици. За време на нападот иранскиот персонал бил присутен во комплексот. ми/мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан