• среда, 25 декември 2024

Петровиќ останува на клупата на Бразил

Петровиќ останува на клупата на Бразил

 

Рио де Женеиро, 12 октомври 2024 (МИА) – Хрватскиот кошаркарски стратег Александар Петровиќ (65) го продолжи договорот со Бразил и ќе ја предводи јужноамериканската репрезентација во следниот олимписки циклус, кој ќе кулминира на Игрите во Лос Анџелес во 2028 година.

По освојувањето на предолимпискиот турнир во Рига и седмото место на Олимписките игри во Париз, Петровиќ ќе остане селектор на машката репрезентација, објави Кошаркарскиот сојуз на Бразил на својата официјална веб-страница.

„Многу сум среќен што можам да продолжам да го водам Бразил“, изјави Петровиќ, наведувајќи дека добил бројни пораки за поддршка од навивачите.

Петровиќ го предводеше Бразил од 2017 и 2021 година, а се врати на клупата во 2024 година за олимписките квалификации во Париз.

Бразил на Олимписките игри летово стигна до четвртфиналето, каде загуби од САД со 87-122. ег

ФОТО: Икс

Остани поврзан