• недела, 23 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Победникот на Светското клупско првенство ќе добие повеќе од 100 милиони долари

Победникот на Светското клупско првенство ќе добие повеќе од 100 милиони долари

Мајами, 21 март 2025 (МИА) - Првото Светско клупско првенство на ФИФА, со 32 екипи, кое ќе се игра во САД од 14 јуни, ќе има награден фонд од дури милијарда долари, а победникот ќе инкасира повеќе од 100 милиони долари, објавија организаторите.

Главни фаворити се секако европските екипи, пред се Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер Сити и Баерн, но ќе имаат голема конкуренција од најдобрите јужноамерикански екипи Фламенго, Палмеирас, Флуминенсе, Бока Јуниорс и Ривер Плата.

Пласман на Светското првенство во фудбал обезбедија следните:

КОНКАКАФ: Монтереј, Леон, Пачука (Мексико), Сиетл, Интер Мајами (САД).

КОНМЕБОЛ: Палмеирас, Фламенго, Флуминенсе, Бока Јуниорс, Ривер Плата.

УЕФА: Челси, Реал Мадрид, Манчестер Сити, Баерн, ПСЖ, Дортмунд, Порто, Атлетико Мадрид, Бенфика, Јувентус, Ред Бул Салцбург.

АЗИЈА: Ал-Хилал, Урава Ред Дајмондс, Ал-Аин, Улсан.

АФРИКА: Ал-Ахли, Вајдад Казабланка, Есперанс, Мемелоди.

ОКЕАНИЈА: Окленд. дс

Фото: X

Остани поврзан