• недела, 23 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Македонија до 19 одигра без голови против Албанија

Македонија до 19 одигра без голови против Албанија

Корча, 21 март 2025 (МИА) - Репрезентацијата на Македонија до 19 години одигра нерешено без погодоци против соодветната селекција на Албанија во рамките на првиот контролен дуел одигран помеѓу овие две селекции во Корча.

Двете репрезентации одигра доста тврд натпревар, со многу борбеност и трчање. Одбраните и на двете репрезентации беа на висина на задачата, не оставајќи преголем простор за игра. Македонија одигра подобро второ полувреме во однос на првото во кое имаше повеќе од играта, но на крајот мрежите мируваа.

Втората контролна средба овие две репрезентации ќе ја одиграат на 23. март со почеток во 12. часот, исто во Корча. дс

Фото: ФФМ

Остани поврзан