• среда, 04 декември 2024

Песков: Членството на Украина во НАТО е „неприфатлива закана“ за Русија

Песков: Членството на Украина во НАТО е „неприфатлива закана“ за Русија

Москва, 3 декември 2024 (МИА) – Придружувањето на Украина во НАТО претставува неприфатлива закана за Русија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Неговата изјава уследи откако украинските власти, пред денешниот состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел, повикаа за „целосно“ членство во НАТО како единствена гаранција за безбедност наспроти руската инвазија.

Таквата потенцијална одлука е неприфатлива за нас, бидејќи тоа е заканувачки настан за нас, посочи Песков. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан