• сабота, 16 ноември 2024

Папата Франциск ја повика Римската бискупија да им обезбеди дом на бездомниците

Папата Франциск ја повика Римската бискупија да им обезбеди дом на бездомниците

Рим, 15 ноември 2024 (МИА) - Папата Франциск по повод католичкиот јубилеј во 2025 година, односно посебната Света година на милосрдието за простување на гревовите, денеска испрати барање до Римската бискупија да им обезбеди дом на бездомниците или на луѓето кои се во опасност да останат без живеалиште.

Тој ги повика сите бискупски ентитети кои поседуваат имот да помогнат во решавањето на станбената криза „со знаци на милосрдие и солидарност за да се создаде надеж за илјадници луѓе во градот Рим кои имаат несоодветни услови за живеење“, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.

Папата тоа им го порача на парохиските свештеници и на верниците во писмо по повод јубилејот. рп/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан