• среда, 13 ноември 2024

ОЈО Битола со наредба за истрага за осомничено лице кое продавало дрога на малолетници

ОЈО Битола со наредба за истрага за осомничено лице кое продавало дрога на малолетници

Скопје, 22 март 2024 (МИА) - Основното јавно обвинителство Битола донело наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за продолжено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, соопшти денеска Обвинителството.

-Осомничениот продавал наркотична дрога – марихуана на зависници во Битола, при што во два наврати му продал марихуана на дете кое не наполнило 14 години. При личен претрес на осомничениот на 20 март полицијата кај него пронашла 10,75 грама марихуана во две пакувања, се наведува во соопштението.

Јавен обвинител до Основниот суд во Битола доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи за тоа постојат сите законски основи. Судот го прифатил предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена. дма/сст/

Фото: МИА архива

Остани поврзан