• недела, 24 ноември 2024

Отворање сензорна соба во ОУ „Бајрам Шабани“ во Куманово

Отворање сензорна соба во ОУ „Бајрам Шабани“ во Куманово
Скопје, 12 септември 2022 (МИА) - Во Општинското основно училиште „Бајрам Шабани“ во Куманово денеска ќе биде отворена сензорна соба што ќе придонесе за инклузија на ученици со попречености. Настанот го организираат Општина Куманово,  Фондацијата „Чекор по чекор“ и здруженијата „Инклузива“ и „Хандимак“. На настанот е најавено присуство на заменик-министерот за образование и наука Лулзим Алиу, претставници од локалната самоуправа и здруженијата вклучени во проектот, како и филантропи кои финансиски го поддржале опремувањето на сензорната соба. хс/мд/        

Остани поврзан