• сабота, 23 ноември 2024

Општина Охрид изготви петгодишна Стратегија за развој на женското претприемништво

Општина Охрид изготви петгодишна Стратегија за развој на женското претприемништво

Охрид, 4 октомври 2024 (МИА) – Општина Охрид по основањето на Советот за женско претприеништво во февруари минатата година, стана првата општина во регионот што изработи и усвои и Стратегија за развој на женско претприемништвo за периодот од  2024 до 2029 година.

Документот е изготвен и изработен во рамки на проектот „Национална платформа за женско претприемништво“ на ЕУ, преку Секторот за туризам и локален економски развој, во кој се поддржува креирање локална политика за унапредување на женското претприемништво.

„Стратегијата за развој на женско претприемништво е документ усогласен со веќе усвоените национални политики за поддршка и развој на женското претприемништво и произлегува како резултат на континуираните заложби на Општина Охрид за креирање на мерки и активности кои би довеле по поголема вклученост на жените на пазарот на трудот“, информираат од Општина Охрид.

Истоверемено се нагласува дека Стратегијата за развој на женското претприемиштво во Општина Охрид има за цел економското јакнење на жените преку создавање на поволна бизнис-клима и обезбедување поддршка за развој на нивниот претприемнички потенцијал со што ќе се придонесе кон развојот на постоечките и отворање на нови претпријатија, креирање на нови работни места, а со тоа и јакнење на целокупната економија во општината. аб/нд/

фото/МИА

 

Остани поврзан