• четврток, 03 октомври 2024

„Операција Флоријан“ донира противпожарни возила

„Операција Флоријан“ донира противпожарни возила

Свети Николе, 2 октомври 2024 (МИА) - Здружението „Операција Флоријан“ од Велика Британија донира три пртотивпожарни возила на општините Штип, Радовиш и Македонски Брод. Во Свети Николе денеска се изврши примопредавањето на возилата за територијалните противпожарни единици на Штип и Радовиш. Рој Бараклу од „Операција Флоријан“ вели дека соработката со пожарникарите и доброволците пожарникари од нашата државата е од 2007 година и до денеска од нивна страна се донирани 31 противпожарно возило.

-Големо задоволство е што сме овде за да извршиме примопредавања на противпожарни возила за Територијалните противпожарни единици Штип и Радовиш. Ова е продолжение на соработката со Македонија, која што трае од 2007 година и до сега имаме донесено 31 противпожарно возило, вклучувајќи ги и двете позади, изјави Бараклу.

Секретарот на Општина Радовиш, Љупче Почивалец рече дека  ваквата донација за Радовиш значи многу, земајќи ги во предвид неодамнешните пожари кои што ја зафатија државата, па тогаш противпожарните возила беа клучни за гаснењето на огнените стихии.

-„Операција Флоријан“ сега ни донираат по вторпат вакво возило, кое што сите ние знаеме дека реалната вредност на ваквите возила е прилично висока за општините, кои што сепак за капацитетот да ги исплатат ваквите возила се навистина тешки. Што значи ваквото возило, искрено значи многу, бидејќи како што сме сведоци оваа година, бевме нападнати баш со стихија која што ја зафати цела Македонија и противпожарните возила беа клучните во гаснењето на пожарите, изјави Почивалец.

На пожарникарите денеска им беше извршена и обука за работа со овие возила и опремата која ја добија со нив. вдј

Фото: МИА 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан