• вторник, 24 декември 2024

Стерјовски во Торонто оствари средба со Македонците од Мала Преспа

Стерјовски во Торонто оствари средба со Македонците од Мала Преспа

Дебар, 3 октомври 2024 (МИА) - Лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, кој престојува во Канада, оствари средба со Македонците од Мала Преспа, кои со години живеат во оваа земја и се успешно интегрирани во канадското општество.

-Без оглед на далечината, овие луѓе не ги забораваат своите македонски корени и родната грутка и остануваат посветени на својата традиција.
Работливи и организирани, тие го одржуваат своето единство преку Друштвото „Мала Преспа“, а секоја година, каде и да се во Канада, заедно се на едно место и го слават големиот празник Свети Архангел Михаил, рече за МИА, Стерјовски.

Овој празник е патрон на црквата, која се наоѓа во центарот на Пустец, а е обновена пред повеќе години, врз темелите на поранешниот божји храм, кој бил срушен за време на комунистичкиот режим. Светците Архангел и Михаил се сметаат за заштитници на малопреспанци, што ги почитуваат каде и да се.

-Го изнесов моето задоволство од нивната соработка и поддршка кон македонската заедница во Торонто, особено кон македонските цркви, но и
кон родниот крај, каде постојано помагаат во повеќе насоки. И сега разговаравме како може да помогнат. Од срце им заблагодарив за топлиот
пречек и им посакувам многу успех и здравје во иднина, додаде тој.

Традиционално Македонците со потекло од Мала Преспа коишто живеат во Канада и САД, организираат македонска вечер по повод празникот „Св. Архангел Михаил” на која собраните донации ги трансферираат во родниот крај, како што со последно собраните средства беше изградена нова камбанарија кај манастирот „Света Марена“, која недостигаше.

Стерјовски престојува во Канада, на покана на редакцијата на македонската радиопрограма „Гласот од Македонија“, по повод 55-годишнината од постоењето на ова, најстаро радио во македонската дијаспора. Обраќајќи се на свеченоста меѓу другото оценил дека настанот претставува
уште едно сведоштво за истрајноста, љубовта и посветеноста на Македонците во Канада кон зачувувањето на македонскиот идентитет, јазик
и култура. вт/вј/

Фото: МАЕИ

Остани поврзан