• понеделник, 02 септември 2024

Окслејд-Чембрлен ги откри целите на Ливерпул за новата сезоната

Окслејд-Чембрлен ги откри целите на Ливерпул за новата сезоната
Ливерпул, 7 јули 2022 (МИА) - Играчот од средниот ред на Ливерпул, Алекс Окслејд-Чембрлен зборуваше за целите на тимот за сезоната 2022/23. - Мислам дека сите во тимот знаат дека имаме иста цел, а тоа е да освоиме се. Минатата година тоа беше вистинска можност за нас. Очигледно, имавме навистина добра сезона, освоивме два трофеи, но да, мислам дека секој од нас знае внатре дека можеме да се натпреваруваме во секое натпреварување, изјави Чембрлен на официјалната веб-страница на клубот. Ливерпул минатата сезона заврши на второто место во Премиер лигата, го освои Лига купот и ФА купот, а стигна и до финалето на Лигата на шампионите, каде загуби со 0-1 од Реал Мадрид. зс/

Остани поврзан