• среда, 25 декември 2024

Брера спогодбено го раскина договорот со Бојан Круљ

Брера спогодбено го раскина договорот со Бојан Круљ

Струмица, 1 септември 2024 (МИА) - Управата на Брера Струмица спогодбено го раскина договорот со шефот на стручниот штаб, Србинот Бојан Круљ.

-Одлуката од двете страни е донесена откако првиот тим не ги даде очекуваните резултати на стартот од првенството и истите не се вклопуваат во амбициите и стратегијата на клубот за ова сезона. Двете страни во интерес на клубот одлучија по поразот од Струга Тим Љум, трет последователен, да ја раскинат соработката, соопштија од тимот.

Стручниот штаб предводен од Бојан Круљ заедно со Душан Дошљак и Милош Поповиќ нема да го предводат првиот тим на Брера во продолжението на првенството.

-Сакам да му се заблагодарам на Бојан Круљ со неговите помошници за посветената работа во изминатиот период. Одлуката е заедничка, во интерес на клубот за наредниот период. Јавноста наскоро ќе биде информирана околу изборот на новиот тренер. Ни следува репрезентативна пауза која ќе ја искористиме за максимална подготовка на првиот тим за следните мечеви од оваа сезона, соопшти генералнниот директор на клубот, Ване Стојанов.

Бојан Круљ во клубот дојде лани во декември за вториот дел од првенствената сезона, кога го замени италијанецот Џовани Валенти. Под негова палка Брера во последната сезона го осигури опстанокот во Првата лига. дс

Фото: Фејсбук/Струмица Брера

 

Остани поврзан