• сабота, 23 ноември 2024

Од денеска во функција наплатните рампи на автопатот Миладиновци-Штип

Од денеска во функција наплатните рампи на автопатот Миладиновци-Штип
Скопје, 18 јули 2022 (МИА) – Од денеска треба да бидат ставени во функција наплатните рампи Преод и Кадрифаково на автопатот Миладиновци- Штип. На наплатните рамки, како што најави Јавното претпријатие за државни патишта, целосно ќе функционира електронскиот систем за наплата на патарина. Оттаму во четвртокот информираа дека првите две ленти од десно ќе бидат за возилата кои користат М-таг електронски уред со кој се поминува со намалување и успорување на брзината на движење на возилото и без запирање, додека на останатите ленти покрај наплата во готово, може да се употреби и М-смарт картичката. Наплатните станици Преод и Кадрифаково имаат по седум наплатни кабини. бак/мд/

Остани поврзан