Обвинителството сè уште прибира докази за утврдување кривична одговорност за пожарот во модуларната болница во Тетово
- Од Основното јавно oбвинителство на Република Северна Македонија денеска информираа дека нивните службеници од тетовското обвинителство сè уште работат на предметот отворен поради пожарот во
Тетово, 8 ноември 2021 (МИА) - Од Основното јавно oбвинителство на Република Северна Македонија денеска информираа дека нивните службеници од тетовското обвинителство сè уште работат на предметот отворен поради пожарот во модуларната болница на 8 септември во Тетово, при што животите ги загубија 14 луѓе.
Оттаму потенцираат дека истрагата сè уште е во насока на собирање материјални и вербални докази за утврдување кривична одговорност.
- Јавните обвинители кои преземаат дејства во насока на расчистување на причините за пожарот во модуларната ковид-болница во Тетово интензивно постапуваат. Се очекува во Обвинителството да пристигнат извештаите од наредените вештачења, меѓу кои и вештачењето од експертите од Република Германија. Откако ќе се приберат материјалните и вербални докази, обвинителите ќе ги разгледаат и анализираат, ќе биде утврдено дали и каде постои кривична одговорност, по што ќе биде донесена и одлука за натамошниот тек на постапката, се вели во одговорот на Обвинителството по барање на новинарите од Тетово.
На 5 октомври, Обвинителството објави извештај за причините за пожарот и информираше дека сè започнало во моментите кога лекарскиот тим ја започнал реанимацијата на пациентка болна од КОВИД-19, при што се случил краток спој на продолжен кабел. ас/aa/