• вторник, 15 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

НУ Камерен Оркестар на Битола со предизвици на стартот на новата музичка сезона

НУ Камерен Оркестар на Битола со предизвици на стартот на новата музичка сезона

Битола, 10 март 2025 (МИА) - НУ Камерен Оркестар на Битола ги почна подготовките за претстојната музичка сезона со нови кадри и дополнителни вработувања.

Во соопштение до јавноста од НУ Камерен Оркестар информираат дека се соочени со недостиг од основни ресурси за функционирање.

-Немаме простор за проби, а и финансиските средства се далеку од потребните за непречено одвивање на активностите. Министерството за култура оваа година одобри само четири проекти, што е речиси десет пати помалку во споредба со колегите од Скопје. За жал, поради овие ограничувања, за останатите наши планирани настани и проекти во 2025 година ќе мора да се потпреме на сопствени средства, преку продажба на влезници и привлекување на спонзорства, изјави ВД директорот на оркестарот, Дејан Цветковски.

НУ Камерен Оркестар на Битола, повеќе од десет години успешно функционира, а од 2024 година доби статус на национална установа.

-Соочувањето со проблемите со простор и финансии предизвикаа отежнато планирање на концерти, што дополнително го комплицира функционирање на оркестарот, но се надеваме дека за овие проблеми Министерство за култура и туризам ќе има слух и со нивна поддршка, како што е поддршката која што ја даваат на националните установи од овој вид ќе може успешно да ги реализира своите амбициозни планови за годината, информираа од НУ Камерен оркестар на Битола. мт/дма/

Фото: НУ Камерен оркестар на Битола

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан