Хероин пронајден кај 15 - годишник во Струга
- Струшката полиција пронашла и одзела хероин кај 15 годишно лице, соопшти денеска СВР Охрид.

Струга, 15 април 2025 (МИА) - Струшката полиција пронашла и одзела хероин кај 15 годишно лице, соопшти денеска СВР Охрид.
- ОВР Струга поднесе кривична пријава против 15 - годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, изјави портпаролот Стефан Димоски.
При контрола извршена на улицата „15 Корпус“ во Струга, додаде, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга кај него пронашла и одзела хероин. сс/са/
Фото: МИА архива