Нема повеќе билети за промоцијата на Мбапе
- Претставувањето на Килијан Мбапе во неговиот нов клуб Реал Мадрид веќе е распродадено.
Мадрид, 14 јули 2024 (МИА) - Претставувањето на Килијан Мбапе во неговиот нов клуб Реал Мадрид веќе е распродадено.
Билетите за настанот не се наплаќаа.
Два дена пред промоцијата веќе нема карти за „Сантијаго Бернабеу“. Само во петокот, на првиот ден од достапноста, беа резервирани повеќе од 85% од местата.
На настапот на францускиот напаѓач на 16 јули се очекува да дојдат повеќе од 80 илјади луѓе. зс/
Фото: ЕПА