• среда, 25 декември 2024

Симеоне по дебаклот со Бенфика: Атлетико едноставно престана да игра во второто полувреме

Симеоне по дебаклот со Бенфика: Атлетико едноставно престана да игра во второто полувреме

Лисабон, 3 октомври 2024 (МИА) - Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне ги кажа причините за високиот пораз синоќа во Лисабон.

Атлетико загуби со 4:0 во натпреварот од 2. коло во Лигата на шампионите.

- Не направивме многу, тие ги искористија сите наши грешки и мораме да им честитаме. Направивме многу добра работа во претсезоната, но денеска не одигравме најдобро. Ова можеше да се види во првото полувреме, но во второто ние едноставно престанавме да играме. Да не бараме изговори за замор и слично.  Одговорноста е на тренерот кој прави промени во играта. Ова беше генерално лош натпревар за сите. Ова мора да се прифати, бидејќи е дел од играта. Ќе се обидеме повторно да собереме сили за неделниот натпревар, изјави Симеоне.

Атлетико е на 23. место во поредокот во Лигата на шампионите сотри бода. зс/

Фото. ЕПА

Остани поврзан