• сабота, 23 ноември 2024

Женскиот Суперкуп на Европа одложен за денес поради однесувањето на навивачите

Женскиот Суперкуп на Европа одложен за денес поради однесувањето на навивачите

Истанбул, 3 октомври 2024 (МИА) - Суперкупот на Европа во кошарка женска конкуренција ќе продолжи денес без присуство на навивачи.

Натпреварот меѓу женските тимови на Бешикташ и Фенербахче во Истанбул почна вчера, но беше прекинат по само две минути во првата четвртина поради однесувањето на навивачите на трибините.

По консултација со раководството на двата клуба и земајќи ја предвид безбедноста на играчите и тимските делегации, ФИБА Европа одлучи натпреварот да продолжи во четврток, 3 октомври, во 16 часот по локално време (15 часот по македонско време), но без навивачи, стои во соопштението на ФИБА.

Инцидентот се случи по 1 минута и 56 секунди откако гледачи фрлија запаливи и експлозивни средства на теренот. Кошаркарките на двата тима и судиите заминаа во соблекувалната. зс/

Фото: Фејсбук „Alain Türk“

Остани поврзан