• недела, 06 октомври 2024

Недев му подари монографија на светската легенда Сенсеи Хироши Шираи

Недев му подари монографија на светската легенда Сенсеи Хироши Шираи
Кематен, 26 септември 2021 (МИА) – На меѓународниот карате семинар одржан викендов во Кематен, Австрија, свое излагање имаше светската легенда Сенсеи Хироши Шираи 10 дан. На семинарот учествуваа над 250 каратисти од цела Европа меѓу кој Дејан Недев. Овој семинар беше од големо значење бидејќи беа презентирани многу нови борбени техники-комбинации и кати со бункај – апликации. -На крај од семинарот Дејан Недев ја искористи можноста да му подари на Сенсеи Шираи, карате монографија по повод 50 години карате во Македонија информираат од МТКФ. зс/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан