• среда, 25 декември 2024

Невреме предизвика поплави во Сплит

Невреме предизвика поплави во Сплит
Загреб, 3 декември 2020 (МИА) - Обилниот дожд денеска предизвика поплави во хрватскиот град Сплит, а пожарникарите испумпуваат вода пред се од објектите во јужниот дел на градот. Надојдената вода ги поплави улиците и го отежна сообраќајот во Сплит. - Сите служби се на терен и помагаат во санација на штетата предизвикана од енормното количество на дожд што паѓа од утрово во Сплит и околината. Ги молиме граѓаните да бидат внимателни и трпеливи, посебно во сообраќајот, се наведува во соопштението на градските власти. ми/

Остани поврзан