• понеделник, 28 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Мадагаскар би можел да изгуби околу 60.000 работни места во текстилната индустрија поради царините на Трамп

Мадагаскар би можел да изгуби околу 60.000 работни места во текстилната индустрија поради царините на Трамп

Антананариво, 9 април 2025 (МИА) - Претставник на текстилната индустрија во Мадагаскар предупреди дека 60.000 работни места може да бидат изгубени поради царините на Доналд Трамп.

Формулата што се користеше за пресметување на тарифите значеше дека земјите со ниски приходи, како Мадагаскар, кои увезуваат мала количина американски стоки, се соочија со некои од највисоките стапки.

Текстилниот и конфекциски сектор на Мадагаскар вработува околу 180.000 луѓе и претставува една петтина од БДП на островот.

-Проценуваме дека околу 60.000 работни места ќе бидат погодени од одлуката за зголемување на тарифите на 47 отсто, рече во изјавата Риндра Андријамахефа, извршен директор на индустриска лоби група.

„Пандемијата беше една работа. Она со што се соочуваме сега е сосема друго“, рече Беатрис Чан Чинг Јиу, претседателка на индустриска лоби група. Таа додаде: „За жал, мерките како привремени отпуштања или отпуштања може да се покажат неизбежни“.

фото: МИА архива

Остани поврзан