• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Стармер: По воведувањето на американските царини мора да дејствуваме поинаку

Стармер: По воведувањето на американските царини мора да дејствуваме поинаку

Лондон, 9 април 2025 (МИА) – Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер денеска изјави дека по воведувањето на американските царини светот мора да почне да дејствува поинаку.

Според него трговски договор со САД или промената на царинските стапки нема да бидат доволни.

- Мислам дека е грешка да се верува дека секоја промена на стапките или каков било договор ќе бидат доволни. Треба да преземеме акција и да ги правиме работите поинаку. Светот навистина се менува, влегуваме во нова ера. Мораме да размислуваме и да дејствуваме на соодветен начин, истакна Стармер.

Тој додаде дека Велика Британија преговара со САД и се надева дека ќе ја „подобри ситуацијата“. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан