• четврток, 17 октомври 2024

На четворица мигранти им е дозволен влез во Италија од албанскиот центар за азил

На четворица мигранти им е дозволен влез во Италија од албанскиот центар за азил

Рим, 17 октомври 2024 (МИА) - Некои од првите мигранти кои пристигнаа во италијанскиот центар за обработка на азил во Албанија добија дозвола да отпатуваат за Италија, соопштија денеска италијанските власти.

По првичната проценка, властите одлучија на четворица од 16-те мажи од Египет и Бангладеш да им биде дозволено да влезат во Италија, каде што ќе им биде разгледано барањето за азил. Останатите 12 ќе останат во центарот за обработка на азил.

Двајца од нив биле малолетни, што го оправдало нивниот прием, додека на другите двајца им бил дозволен влез бидејќи се пожалиле на значителни здравствени проблеми, пренесоа италијанските медиуми.

Неколку часа по нивното пристигнување, четворицата мажи се качија на бродот на италијанската морнарица што ги превезуваше од Либија во Албанија за да отпатуваат во Италија, се вели во соопштението.

Италија е првата земја во Европската унија која отвори центри за бегалци надвор од ЕУ.

Според новиот систем, мигрантите кои се упатуваат кон Италија преку Медитеранот се носат во албанското пристаниште Шенѓин на првичен преглед пред да бидат префрлени во внатрешноста во главниот камп во блискиот Ѓадар.

На оние за кои се смета дека имаат право на азил им е дозволено да продолжат во Италија, додека на оние на кои тоа им е одбиено се враќаат назад во нивната земја на потекло.

Само возрасни мажи од земјите на потекло кои се класифицирани како безбедни и кои италијанските власти ги земаат во Медитеранот ќе бидат однесени во центрите. Жените и децата, како и оние кои се болни или покажуваат знаци на тортура, нема да бидат транспортирани во центрите, ниту оние кои ќе стигнат до бреговите на Италија сами или со приватни бродови. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан