• среда, 18 декември 2024

Шеесет и тројца полски војници се повредени во инциденти со мигранти на границата со Белорусија оваа година

Шеесет и тројца полски војници се повредени во инциденти со мигранти на границата со Белорусија оваа година

Варшава, 17 октомври 2024 (МИА) - Шеесет и тројца полски воени лица се повредени од почетокот на оваа година во инциденти со мигранти кога се обиделе да ги запрат на границата со Белорусија, соопшти денеска владата во Варшава.

Полска, која е на источното крило на Европската унија и НАТО, во моментов разгледува построги барања за азил.

Варшава ги обвинува Москва и Минск дека организираат прилив на мигранти на белоруската граница со Полска со цел да го дестабилизираат регионот и ЕУ. Режимот на белорускиот претседател Александар Лукашенко ги отфрла тие обвинувања.

- Шеесет и тројцата војници се повредени од мигранти додека се обидувале да спречат илегално преминување на границата , изјави за медиумите полскиот заменик-министер за одбрана Павел Бејда. зш/

Остани поврзан