• петок, 08 ноември 2024

На патот Петровец – Скопје пломбирано и привремено задржано возило со 1.2 тони стока

На патот Петровец – Скопје пломбирано и привремено задржано возило со 1.2 тони стока

Скопје, 12 март 2024 (МИА) - На патниот правец Петровец – Скопје попладнево од страна на СВР Скопје е извршен претрес на патничко моторно возило, кое превезувало разна стока, увозно оцаринета на ЦИ Аеродром Скопје, поради сомневање дека во возилото се превезуваат наркотични средства, соопштија од Царинската управа.

- Контролата е извршена со асистенција на инспектори од Секторот за контрола и истраги на Царинската управа и царинско куче. Притоа не се пронајдени наркотични средства, но констатирани се неправилности во однос на пријавената стока по увозната декларација и фактичката состојба на стоката во возилото. Со цел да се изврши детална контрола, возилото е пломбирано и привремено задржано заедно со стоката со вкупна тежина од 1.2 тони, се појаснува во соопштението и се додава дека за прегледот е побарана асистенција и од крим полиција.

За случајот било известено и надлежното Основно јавно обвинителство.

Откако ќе се изврши детална контрола и ќе се утврди фактичката состојба, посочуваат од Царинската управа, ќе бидат покренати соодветни постапки. цр/лв/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан