• понеделник, 23 февруари 2026

Најновиот ремикс на Владимир Четкар и ди-џејот Доктор Пакер „Heavenly“ се искачи на врвот на листите на светските платформи

Најновиот ремикс на Владимир Четкар и ди-џејот Доктор Пакер „Heavenly“ се искачи на врвот на листите на светските платформи

Скопје, 23 февруари 2026 (МИА) - Најновиот ремикс на Владимир Четкар и ди-џејот Доктор Пакер „Heavenly“ се искачи на врвот на листите на светските платформи.

„Heavenly“ е производ на најновата соработка на Владимир Четкар и Доктор Пакер кој моментално е еден од најценетите диџеј-продуценти во светот.

Станува збор за нови ремикси на авторската песна на Четкар „Heavenly“ од страна на Доктор Пакер - https://www.traxsource.com/title/2712773/heavenly-dr-packer-remixes.

„Heavenly“ беше оригинално издадена во 2014 на истоимениот албум на Четкар и своевремено стана хит во Македонија но и во повеќе земји надвор
од балканските граници меѓу кој Унгарија, Италија и Јапонија. Во тој период легендарниот француски продуцент Димитри Од Париз исто така направи свој ремикс на оваа песна.

-Мора да се сфати сериозно дека музика што сервира такви некои евтини пораки и толку евтино што звучи е исто како да јадеме брза храна, нездрава храна, исто како најлоша дрога. Било каква дро

Новиот ремикс на „Heavenly“ веднаш се искачи на врвот на листите на популарната музичка платформа TRAXSOURCE a австралиското Street Sound
Radio и англиското Solar Radio веќе ја прогласија за песна на неделата. нд/

Фото: Плакат

Остани поврзан