Доделени наградите на Британската филмска академија за 2026
- По повод 79-тото доделување на наградите од Британската филмска академија, ѕвездите вчера прошетаа по црвениот тепих во Ројал Фестивал Хол во Лондон. Церемонијата за најпрестижните британски филмски признанија беше водена од шкотскиот актер, ТВ-водител и режисер Ален Каминг
Лондон, 23 февруари 2026 (МИА) - По повод 79-тото доделување на наградите од Британската филмска академија, ѕвездите вчера прошетаа по црвениот тепих во Ројал Фестивал Хол во Лондон. Церемонијата за најпрестижните британски филмски признанија беше водена од шкотскиот актер, ТВ-водител и режисер Ален Каминг.
Филмот „Една битка по друга“ („One Battle After Another“) ја освои наградата за најдобар филм, наградата за најдобар режисер му припадна на Пол Томас Андерсон, напиша дневниот весник Гардијан. Роберт Арамајо, за улогата во филмот „Се колнам“ („I Swear“), беше прогласен за најдобар актер, додека пак наградата „БАФТА“ за најдобра актерка ѝ припадна на Џеси Бакли, за улогата во филмот „Хамнет“(„Hamnet“).„Хамнет“ беше прогласен за најдобар британски филм, додека наградата за најдобро оригинално сценарио ја доби филмот „Грешници“ („Sinners“) од Рајан Куглер
За најдобар филм на странски јазик беше прогласен„Сентиментална вредност“ („Sentimental Value“), а титулата за најдобар документарец ја понесе „Г-дин Никој против Путин“ („Mr Nobody Against Putin“). „Зутополис 2“(„Zootropolis 2“) ја освои наградата за најдобар цртан, додека за најдобар филм за деца и возрасни беше прогласен филмот „Бунг“ („Boong“). мв/јт/
Фото: ЕПА