• петок, 04 октомври 2024

Најмалку седум демонстранти загинаа во протестите во Бангладеш на кои се бара оставка од премиерката Шеик Хасана

Најмалку седум демонстранти загинаа во протестите во Бангладеш на кои се бара оставка од премиерката Шеик Хасана

Дака, 4 август 2024 (МИА) - Најмалку седум лица загинаа, а десетици се повредени во денешните судири во Бангладеш, во кои полицијата употреби солзавец и шок-бомби за да растера десетици илјади демонстранти кои бараат оставка од премиерката Шеик Хасина.

Немирите, кои ја натераа владата да блокира некои од интернет услугите, претставуваат нејзин најголем тест од смртоносните јануарски протести кога Хасина го освои четвртиот последователен мандат на изборите што беа бојкотирани од главната опозициска националистичка партија на Бангладеш.

Двајца градежни работници загинаа на одење на работа, а 30 се повредени во централниот кварт Мунсигањ, за време на судирите меѓу демонстрантите, полицијата и активистите на владејачката партија, изјавија очевидци.

-Тие беа донесени во болница мртви со прострелни рани, рече Абу Хена Мохамад Џамал, управител на окружната болница.

Полицијата соопшти дека не пукала, но кога се активирале некои импровизирани експлозивни направи, областа се претворила во бојно поле.

Насилства избувнаа и на други места во оваа јужноазиска земја, откако демонстрантите ги блокираа главните автопати.

Најмалку три лица загинаа, а 50 се повредени во североисточниот кварт Пабна за време на судирите меѓу демонстрантите и активистите на владејачката Авами лига во Хасина, изјавија очевидци.

Локалната болница јави за уште двајца загинати во северната област Богура.

Една група го нападна и оштети медицинскиот факултет Бангабандху Шеик Муџиб во главниот град додека студентските демонстранти започнаа бојкот за да ја принудат владата да поднесе оставка.

Минатиот месец, најмалку 150 луѓе беа убиени, илјадници повредени и околу 10.000 уапсени по студентските демонстрации против квотите за владини работни места.

Протестите престанаа откако Врховниот суд ги укина поголемиот дел од квотите, но студентите се вратија на улиците минатата недела на спорадични протести барајќи правда за убиените.

Критичарите на Хасина, заедно со групите за човекови права, ја обвинија нејзината влада за употреба на прекумерна сила за да ги задуши протестите, што владата го негира. сд/

фото:Скриншот  

Можно е и ова да ти се допаѓа

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан