• сабота, 21 декември 2024

Украина отвори канцеларија за регрутирање свои војници во Полска

Украина отвори канцеларија за регрутирање свои војници во Полска

Киев, 3 октомвгри 2024 (МИА) -  Украинските власти денеска соопштија дека отвориле прва канцеларија за регрутирање во Полска, со цел да прими граѓани за нејзината борба против руската инвазија. 
Канцеларијата во Лублин, на околу 100 километри од украинската граница, ја има „целата потребна опрема“ за да утврди способност на доброволците, наведе во изјавата Иван Гаврилук, заменик-министер за одбрана на Украина.

„По пријавувањето, ќе се одржи обука на регрутите“ во Полска.

Киев ги објави своите планови да регрутира „Украинска легија“ во јули, надевајќи се дека ќе убеди илјадници мажи кои ја напуштија земјата за да ја избегнат војната, особено во Полска и Германија. Владата процени дека во Полска живеат околу 300.000 луѓе на борбена возраст.

Според соопштението на Министерството за одбрана на Украина, 138 барања за интервју биле примени преку интернет во текот на првите денови од работењето на канцеларијата, а уште 58 биле регистрирани од конзуларни бироа. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан