• сабота, 23 ноември 2024

Самостојно претставување на видео инсталација „Вкрстени избори“ на Тања Балаќ

Самостојно претставување на видео инсталација „Вкрстени избори“ на Тања Балаќ

Скопје, 19 мај 2023 (МИА) – Во Национална галерија на Македонија во „Чифте амам“ денеска ќе се одржи самостојно претставување на мултимедијален проект - видеоинсталација насловена „Вкрстени избори“ („Crossing Choices“, 2023), која се состои од слика, фотографија, инсталација и видео.

Текстот во каталогот за изложбата е на проф. д-р Ивица Џепаровски и се однесува на експерименталниот филм со наслов „Вкрстени знаци“ (“Crossing Signs”), оформен врз основа на ликовната подлошка на сликарските дела на Тања Балаќ и на анимацијата и визуелните ефекти на Никола Дрвошанов.

Филмот е неодамна селектиран од огромниот број пристигнати дела од страна на стручното жири во рамките на 13. издание на Интернационалниот фестивал за видеоарт „Магмарт“ од Неапол, Италија. На тој начин овој седуминутен филм, заедно со уште 31 сродно дело, стана составен дел од постојаната колекција на музејот „ЦАМ“ и на „Магмарт“, меѓународен фестивал на видеоарт на кој во изминатите години учествувале повеќе од 1.400 уметници од над 80 различни земји од светот.

На отворањето на изложбата во „Чифте амам“ ќе се обратат директорката на Националната галерија на Македонија, Дита Старова, и универзитетскиот професор д-р Ивaн Џепаровски. свс/ац/

 

Остани поврзан