• недела, 10 ноември 2024

Презентација на годишните мониторинг извештаи на коалицијата „Сите за правично судење“

Презентација на годишните мониторинг извештаи на коалицијата „Сите за правично судење“

Скопје, 13 декември 2023 (МИА) - Коалиција „Сите за правично судење“ во рамки на Годишната програма за работа организира завршна конференција за презентација на годишните мониторинг извештаи за 2023 година. На оваа конференција, соопштија од  „Сите за правично судење“, ќе бидат презентирани извештаите за работата на Судскиот совет и Советот на јавните обвинители, како и извештајот од набљудувањето на судските постапки.

Како што е најавено, воведни обраќања на Годишната конференција ќе имаат Дарко Аврамовски, извршен директор на Коалиција „Сите за правично судење“, Бен Нупнау, заменик шеф на Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија и Беса Адеми, претседател на Врховниот суд на Република Северна Македонија.

На презентацијата на наодите од годишните извештаи на коалицијата за 2023 година, најавени се и обраќања на Ивана Петковска, програмски координатор во Коалиција „Сите за правично судење“, Лејла Тутиќ, правен истражувач во Коалиција „Сите за правично судење“.

Излагања ќе имаат и панелистите Денис Прешова, доцент на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Бетим Јахја, судија во Основен суд Тетово, Ленче Ристоска, Јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Скопје и Александар Гоџо, адвокат. цр/са/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан