• четврток, 26 декември 2024

„Магна Матер“ - изложба на паркова скулптура на Александар Ефтимовски

„Магна Матер“ - изложба на паркова скулптура на Александар Ефтимовски

Скопје, 24 октомври 2024 (МИА) - Во паркот пред Културно информативен центар – Скопје денеска во 12 часот ќе биде отворена изложбата на паркова скулптура од акедемскиот скулптор Александар Ефтимовски насловена „Магна Матер“ („Големата Мајка“).

Како што соопштуваат од КИЦ, на изложбата ќе бидат поставени 13 дела во голем и галериски формат од материјали како што се челик, мермер и други типови на камен.

Изложбата „Магна Матер“ длабоко навлегува во безвременскиот и универзален концепт на мајката како исконска сила на создавањето, претставувајќи истражување на мајчинството надвор од неговата биолошка функција. Произлегува од античките приказни кои ја чествуваат „Големата мајка“ како основа на целиот живот, гледајќи ја неа не само како давател на живот, туку и како потекло на сета материја и енергија. 

Во срцето на оваа изложба е идејата дека мајчинството симболизира многу повеќе од негувачките и заштитничките квалитети што често му ги припишуваме, тоа е метафора за создавањето на целиот космос. 

Ефтимовски го оживува овој концепт преку неговите скулптури, кои се длабоко вкоренети во истражувањето на материјалноста, волуменот и текстурата. 

Неговите дела се директно поврзани со античкиот неолитски артефакт познат како „Магна Матер“, пронајден на археолошката локација Тумба Маџари во Македонија. 

Александар Ефтимовски е роден во Скопје, Македонија. Своите ликовни основи ги стекнува во Средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје. Веднаш по завршувањето на средното училиште тој заминувана додипломски студии на Ликовната академија во Фиренца, Италија. Денеска Ефтимовски ја претставува својата земја со повеќе од 25 монументални дела, поставени низ различниградови од светот.

Изложбата ќе биде отворена до 4 ноември 2024 година.ар/са/

Фото: КИЦ

Остани поврзан