• понеделник, 18 ноември 2024

Над 400 луѓе ги погодиле лото-бројките на Филипини

Над 400 луѓе ги погодиле лото-бројките на Филипини
Манила, 7 октомври 2022 (МИА) - Лото-џекпот од 236 милиони пезоси (околу 4 милиони евра) е „погоден“, од повеќе од 400 добитници на Филипините. Тоа е рекорд и покрена прашања дури и во филипинскиот Сенат, па пратениците бараат истрага за резултатите. - Има итна потреба Конгресот да го заштити и обезбеди интегритетот на Лотаријата на ПЦСО со оглед на нивниот придонес во државната благајна и стопанството. Мораме и да ги заштитиме надежите и соништата на милиони Филипинци кои секојдневно ги поддржуваат извлекувањата на лотаријата, нагласи челникот на Претставничкиот дом на Собранието. Наградната игра ја спроведува Филипинската добротворна лотарија (ПЦСО) - владина агенција под Кабинетот на претседателот чијашто задача е да собира средства за здравствени програми и добротворни цели. Директорот на ПЦСО, смета дека нема причина за сомнеж во резултатите и ова не треба да биде чудно. - Сосем природно е да има и такви луѓе кои се обложуваат на исти бројки и - многумина ќе добијат во тој случај, ако тие бидат извлечени. Нема основа за никакво сомневање за резултатот, посочи тој. Инаку, 433 добитници на џекпот побарале паричната награда да се подели и секој да добие по околу 550.000 филипински пезоси (9.500 евра).  си/

Остани поврзан