• сабота, 16 ноември 2024

Селин Дион настапи на модна ревија во Ријад

Селин Дион настапи на модна ревија во Ријад

Ријад, 15 ноември 2024 (МИА) - Селин Дион настапи во Ријад, Саудиска Арабија, каде што се одржа модна ревија за прославата на 45-годишнината на модниот бренд „Ели Сааб“ (Elie Saab), чиј основач е дизајнерот Ели Сааб од Либан.

Во златен фустан, канадската пејачка ги изведе песните „I'm Alice“ и „The Power оf Love“. Ова ѝ беше прв настап на поп-пејачка по свеченото отворање на Олимписките игри во Париз, каде што пееше на Ајфеловата кула. Продукцијата потврди дека Селин пеела во живо, со оглед на неодамнешните гласини дека нејзиниот претходен настап бил претходно снимен.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Vogue Arabia (@voguearabia)

Имено, Јутјуб-познавачи и експерти тврдат дека изведбата на 26 јули, наводно, била однапред снимена, некои нарекувајќи ја и - измама.

Претставниците на организаторите на овогодишната Олимпијада одбиваа да одговорат на тие обвинувања, но тврдат дека настапот на Селин Дион бил во живо.

Канаѓанката во декември 2022 година објави дека ѝ е дијагностициран синдром на вкочането лице. Во едно од интервјуата потоа, таа објасни дека оваа состојба предизвикува грчеви во мускулите насекаде во телото. Затоа, на пр., таа може да има проблеми со одење, стоење на сцена и пеење.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан