• сабота, 16 ноември 2024

Муцунски на „Newsmax“: Неопходно е изнаоѓање мир преку дипломатски решенија и со почитување на територијалниот интегритет на земјите

Муцунски на „Newsmax“: Неопходно е изнаоѓање мир преку дипломатски решенија и со почитување на територијалниот интегритет на земјите

Скопје, 27 септември 2024 (МИА) – Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, за време на работната посета на САД во рамки на 79. Генерално собрание на Обединетите нации, заедно со американскиот дипломат Ричард Гренел бил гостин на американската телевизија „Newsmax“.

Како што соопштуваат од Министерството, во фокусот на разговорот бил ставен на актуелниот геополитички контекст и македонската перспектива кон светските случувања. 

Во таа насока, министерот Муцунски ја потенцирал важноста за инвестирање на најмалку 2% од БДП во одбраната, принцип кој го почитува и нашата влада, бидејќи тоа не е проактивен метод, туку средства наменети за одбрана, што е клучен аспект во НАТО политиката.

 Говорејќи за односите помеѓу нашата држава и САД, Муцунски во интервјуто истакнал дека двете страни имаат одлични односи кои се базираат на стратешкото партнерство. 

– Ние секогаш ќе бидеме на линија со надворешната политика на САД, бидејќи сметаме дека е вистинската надворешна политика што обезбедува мир во светот и за зачувување на светскиот поредок. Мораме да најдеме мир и ги сметаме САД за клучна нација во постигнувањето на мирот, истакнал Муцунски во разговорот. 

Нагласил дека неопходни се поголеми и поинтензивни дипломатски напори за да се обезбеди мир во светски рамки, во согласност со принципите на Меѓународното јавно право, а воедно да бидат гарантирани територијалниот интегритет и суверенитетот на сите нации. 

– Среќен сум што не сите, но сè повеќе нации започнуваат да зборуваат за мир. Клучниот договор тука е да се најде дипломатско решение, не по секоја цена. Основно тврдам, доаѓајќи од регион кој треба да ги почитува принципите на меѓународното јавно право, дека ни е потребен мир, ни е потребно дипломатско решение, но такво решение што не дозволува на друга нација да ги уништи територијалната интегритет и суверенитет на друга нација, заклучил Муцунски. ра/са/

Фото: Министерство за надворешни работи и надворешна трговија

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан