• среда, 18 декември 2024

„Комунална хигиена“ спроведува секојдневни активности за одржување на хигиената на централното градско подрачје

„Комунална хигиена“ спроведува секојдневни активности за одржување на хигиената на централното градско подрачје

Скопје, 16 ноември 2024

ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на денешниот ден реализираше низа секојдневни редовни активности за чистење на повеќе локации во строгиот центар на градот. Активностите се одвиваа во Паркот на жената-борец, каде што беше извршено рачно миење и метење на целокупниот простор, вклучително и големата фонтана во Паркот.

Отстранување на ситните отпадоци, рачно метење и миење е реализирано и на спомениците лоцирани на плоштадот Македонија, како и во реонот на Домот на АРМ и Спомен-куќата на мајка Тереза.

Воедно, екипите на претпријатието ги спроведоа и своите секојдневни редовни активности за празнење на контејнерите и чистење на целокупната микролокација зад објектот на Телеком, на кејот „13 Ноември“, каде што во последниот период е забележана зачестена појава на диви депонии.

Во рамките на денешните редовни активности во централното градско подрачје беа подигнати и транспортирани десет кубни метри непрописно одложен отпад од јавни површини.

ЈП „Комунална хигиена“

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан