• вторник, 24 декември 2024

Монд: Европските земји се построги во однос на прифаќањето бегалци од Украина

Монд: Европските земји се построги во однос на прифаќањето бегалци од Украина

Париз, 12 октомври 2024 (МИА) – Повеќе од две и пол години од избувнувањето на руско-украинскиот конфликт, некои европски земји зазедоа построг став кон прифаќањето бегалци кои бегаат од војната, а меѓу најрешителните е Норвешка, пишува денеска францускиот весник Монд.

Во анализата се потсетува дека норвешката влада на 27 септември соопшти дека ќе престане да дава автоматски азил на сите Украинци кои тоа ќе го побараат, нагласувајќи дека оваа одлука стапува во сила веднаш.

Норвешката влада го оправда својот построг однос кон бегалците со влијанието на нивниот прилив врз домувањето, здравствените услуги и училиштата во одредени градови. јт/

Остани поврзан