• среда, 01 април 2026

Младинците на Еурофарм Пелистер поразени од Фуксе Берлин во дуелот за пласман на Ф4

Младинците на Еурофарм Пелистер поразени од Фуксе Берлин во дуелот за пласман на Ф4

 

Битола, 31 март 2026 (МИА) – Младите ракометари на Еурофарм Пелистер остана без пласман на завршниот фајналфор турнир во Лигата на шампиони, откако вечерва беа убедливо поразени од германскки Фуксе Берлин.

Во финалето од квалификацискиот турнир што се одржа во хрватскиот град Пореч, битолчани беа поразени од Фуксе Берлин, чии врсници беа подобри во текот на целиот натпревар и славеа со 51:21.

Без разлика на поразот, македонскиот младински шампион покажа дека во Битола има солидна ракометна школа и потенцијал за нови ракометни предизвици.

Младите ракометари на Еурофарм Пелистер во финалето се пласираа откако претходно го совладаа данскиот ракометен шампион Алборг со 24:23.

М. Т.

Остани поврзан